Фатален судар на патот Охрид – Св.Наум, 27-годишен моторциклист го загуби животот

107

27-годишниот Ј.Ц. од Охрид денеска околу 14 часот го загуби животот откако во мотоциклот кој го управувал удрил патнички автомобил „мазда“ управуван 76-годишниот Д.Н. од струшкото село Враништа.

Како што информираат од СВР Охрид, несреќата се случила на регионалниот пат Охрид-Св. Наум.

-Првичните информации покажуваат дека моторциклистот бил прогласен за мртов на местото на несреќата. Итната медицинска помош констатирала смрт, а на терен се извршува увид од страна на полициски екипи, предводени од јавен обвинител. Во тек е истрагата за утврдување на сите детали, изјави портпарол на СВР Охрид.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content