На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12-години затвор. Веста ја потврди директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов. На Југ му се слошило додека бил дома поради влошено здравје.
Југ бараше повторно судење за „27 април“ со тврдење дека не го загрозил уставниот поредок на Македонија, ниту сторил терористичко загрозување.
Од Кривичен суд информираа дека ниту од Игор Југ, ниту од неговиот бранител не било доставено барање за повторување на постапката.