Забрана за сообраќај на тешки возила поради снег и на патот Битола – Ресен, преку Ѓавато

101

Поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки возила.

Претходно од АМСМ информираа дека е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патните правци Дебар – Маврово, Тетово – Попова – Шапка и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од АМСМ информираат дека од 11.55 часот е воведена забраната за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово.

Од 12.15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Од 12.15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content