Згодната струмичанка објави новогодишна песна – „ајде наздравје, кренете чаши“

100

Поп-фолк пејачката Стојне Николова објави новогодишна песна, а во спотот менува неколку модни комбинации со тематски празничен изглед.

Струмичанката Стојне Николова е суперактивна во претпразничниот период. По настапите во Охрид и во Прилеп за време на изминатиот викенд, сега ја лансираше новата песна насловена „Новогодишна“.

„Празничната магија започнува со музика. Со огромна радост ви ја претставувам мојата новогодишна песна – звук што ќе ве исполни со топлина и среќа! Пуштете ја гласно, уживајте и споделете ја со сите што ги сакате! Нека оваа мелодија ви донесе среќа, љубов и нови почетоци“, напиша Стојне на својот фејсбук-профил.

Во спотот, Стојне покажува неколку празнични модни комбинации – тематско црвено џемперче со фармерки, кариран фустан во црвена и зелена нијанса и елегантно бело издание со палто и капа.

Музиката и аранжманот се на Бобан Мојсовски, а текстот на Орце Зафировски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content