На државата ѝ недостигаат 250 илјади овци и 100 илјади крави

105

Бројот на овци во последните десет години е намален на 250 илјади, а бројот на крави за преку 100 илјади. Според сточарите причината за ваквата состојба се скратените субвенции за оставено женско јагне и на субвенции за женско теле кој што досега беа исклучени. За да се подобри состојбата во сточарството, сточарите предлагаат да се воведат грантови за купување на високопродуктивни овци и крави. -Ако оваа власт има за цел да го подобри сточарството мора да дозволи грантови за увоз на високо продуктивни овци кои даваат повеќе млеко како аваз, асад, хиос, лакон….Една овца од видот лакон чини 350 евра, за да се купат 100 овци потребни се 35 илјади евра, плус за штала, превоз… што е многу. Сточарството е голема инвестиција, младите не можат сами и затоа потребна им е помош од државата во вид на грантови, изјави за весникот ВЕЧЕР, Митко Јанков, претседател на „Агроцентар“.

Бројките се поразителни, сточниот фонд во државата со години наназад се намалува. Бројот на овци во последните десет години е намален на 250 илјади, а слична е ситуацијата и со кравите. Македонија денеска има преку 100 илјади крави помалку од пред десетина години. Според сточарите причината за ваквата состојба се скратените субвенции за оставено женско јагне и на субвенции за женско теле кој што досега беа исклучени. За да се подобри состојбата во сточарството, сточарите предлагаат да се воведат грантови за купување на високопродуктивни овци и крави.

-Сточниот фонд со години наназад се намалува. Само во последните седум години бројот на овци е намален од 500 на 250 илјади. И покрај тоа што статистиката покажуваат нешто друго, сепак реалните бројки се многу помали. Бројот на кравите значително се намали по пропаѓањето на „Свидмилк“. Овците највеќе ги изгубивме во минатата власт која немаше слух за сточарството. Субвенциите постојано доцнеа, а се укина и субвенцијата за оставено женско јагне, изјави за весникот ВЕЧЕР, Митко Јанков, претседател на „Агроцентар“.

По укинување на мерката за оставено женско јагне, остана само мерката за предадено женско јагне во кланичен капацитет која е многу мала и изнесува само 400 денари. Поради тоа, како што вели Јанков бројот на овци драстично се намали, бидејќи сточарите немаа поддршка од државата и почнаа да ги продаваат.

-Ако оваа власт има за цел да го подобри сточарството мора да дозволи грантови за увоз на високо продуктивни овци кои даваат повеќе млеко како аваз, асад, хиос, лакон….Една овца од видот лакон чини 350 евра, за да се купат 100 овци потребни се 35 илјади евра, плус за штала, превоз… што е многу. Сточарството е голема инвестиција младите не можат сами затоа потребна е помош од државата во вид на грантови, објаснува Јанков.
Тој вели дека со купување и увоз на високопродуктивни овци ќе се зголеми и производството на млеко. Во моментов во маркетите речиси и да нема домашно тетрапак млеко, туку само увозно од Србија и Босна и Херцеговина.

И министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, потврди дека денеска во Македонија има над 100.000 крави помалку од тоа што некогаш имала и рече дека треба да се размислува за зголемување на сточарскиот фонд.

-Зголемувањето на сточарскиот фонд како ќе го постигнеме? Тоа не е едноставно мора да се нагласи. Потребни се наменски огласи за земјоделско земјиште за сточарите, секој што ќе сака да се занимава со сточарство или да го зголеми стадото мора да има земјиште. Инаку, рентабилноста е на нула, или во тешка загуба, и тогаш немаме предвидливост на производството. Наменски огласи, навремени субвенции, враќање во делот на категориите за субвенции како што е за женско теле кое што досега беа исклучени. Затоа што ако не го стимулирате некој да го остави подмладокот од кравата за да биде возрасна единка, немаме проширување на стадото, рече Трипуновски.
Тој додаде дека потребно е и поддржување на мерката за набавка на квалитетен генетски потенцијал во делот на сточарството за да се има зголемена продукција по адаптација. На тој начин, како што вели, ќе дојдеме до ситуација кога во македонските маркети полиците ќе бидат исполнети со македонско млеко.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content