Од денеска задолжително носење на зимска опрема

100

Од денеска до 15 март возачите во возилата со учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/19, 302/20 и 122/21), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, соопштуваат од МВР.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштатa како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминуваат 3.500 кг.:

– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4×4):

– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content