16 уметници од ДЛУП Прилеп со прекрасни дела синоќа се претставија пред своите прилепчани

101

Синоќа, 2.11.2024 во Ликовната галерија од ЦК”Марко Цепенков”во Прилеп беше отворена изложба на дела од ДЛУП, на која се претставуваат 16 уметници, членови на друштвото.

Изложбата ја отвори Методи Исков, претседател на ДЛУП, потенцирајќи дека уметниците изложија дела во најразлични техники, материјали, форми.

-Посетителите имаат можност да видат скулптури, слики, графики, дела создадени годинава -рече Исков. На изложбата ДЛУП на уметникот Емил Солески му додели награда за најдобро уметничко дело во 2024. Изложбата беше дел од годишната програма на ЦК”Марко Цепенков”.

На изложбата со свои дела се претставија 16 уметници.

На уметникот Емил Солески ДЛУП му додели награда за најдобро дело на годишната изложба.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content