Брз и лесен рецепт за совршени крофни

99

Доколку не можете да се одлучите кој десерт да го подготвите, направите крофни. Тие станаа омилен десерт на многумина, а нивната подготовка не бара многу време.

Дали би сакале да израдувате некој близок или членовите на вашето семејство со вкусен десерт? Крофните се одлична идеја, а во продолжение прочитајте го овој навистина вкусен рецепт.

Состојки:

– 700 грама брашно
– две јајца
– пет грама свеж квасец
– 50 мл масло
– 200 мл млеко
– една кафена лажичка сол
– една лажица шеќер
– рендана кора од лимон
– масло за пржење
– шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Во длабок сад се става брашното, па се додаваат јајцата, маслото, млекото, солта, шеќерот, ванилиниот шеќер, кората од лимон и издробениот квасец. Добро измешајте и замесете помеко тесто.

Ако е премногу ретко, додадете уште малку брашно ако е тврдо, додадете малку млеко. Направете ја смесата така што тестото да се одвои од ѕидовите на садот и да не се залепи.

Оставете го тестото да стаса еден час, а потоа поделете го на два дела. Еден дел развлечете го со сукало, а потоа со чаша извадете кругови за крофни.

Постапката повторете ја и со другата половина од тестото, па оставете ги крофните да одморат уште дваесетина минути на набрашнета површина, за да не се залепат.

Испржените крофни ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотии.

Крофните може да се полнат со вашите омилени филови, да се попрскаат со шеќер во прав или да се прелие со разни глазури. Уживајте во сочни крофни кои ќе ги воодушеват сите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content