Изгледа годинава нè чека вистинска кочан зима

123

Најновото ажурирање на Европскиот модел (ECMWF) укажува на тоа дека во првата декада од месец Ноември, најголем дел од Европскиот Континент, како и целиот Балкан буквално ќе бидат заледени поради продорот на многу ладен воздух кој ќе се спушти кај нас од Арктикот. Во ваква ситуација, на многу места и градови се очекува и првото провејување на снег за оваа сезона (зборуваме особено за пониските места, односно за градовите).

Овој многу ладен воздух со потекло од Арктикот, ќе ни го донесе и првиот сериозен мраз за оваа сезона, со што очекуваме температури дури и до -10 степени, локално може тие да бидат и пониски, особено на високите планински места.

Јас и понатаму постојано ќе ја следам оваа состојба околу првиот поранет силен зимски удар кај нас, и навремено ќе ве информирам околу секоја ново – настаната временска состојба.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content