Целта исполнета: Македонија победи во Рига!

111

Maкедонската фудбалска репрезентација славеше победа од 0:3 во натпреварот против Летонија во Рига.

Македонија не блескаше, но одигра онолку колку што е потребно за да ја исполни главната цел, а тоа е освојување на трите бода. Првата прилика ја имавме уште во почетните минути кога Столе Димитриевски од својата половина за малку ќе го совладаше својот колега на спротивната страна сакајќи да го пронајде Миовски.

Го имавме поседот на топка и изгледаше дека ја контролираме играта и тоа ни се исплатеше во 35. минута. По една одлична акција во коja учествуваа Барди, Миовски и Елмас егзекутор беше Јани Атанасов.

Со предност од еден гол заминавме на паузата. Во второто полувреме имавме пад во нашата игра и дозволивме Летонија да игра нешто повеќе со топка, но за среќа тоа не влијаеше на конечниот резултат.

Лирим Ќамили со својот првенец во репрезентацијата на 20-тина минути до крајот постигна гол за 0:2, додека во самата завршница ги поставивме конечните 0:3.

Македонија по овој триумф има седум бода, четири повеќе од Летонија и Ерменија со тоа што Ерменците вечерва со Фарски Острови го играат својот натпревар од ова коло.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content