Совет на Европа: Бугарија не оствари напредок во пристапот до правата на малцинствата

111

Во мислењето на 75 страници, неколку параграфи се посветени токму на Македонците во Бугарија и нивните напори да се изборат за индивидуалните малцински права, како што е наведено во точката 32.

-Како и во претходните циклуси, лицата кои се идентификуваат како Македонци ја повторија својата долгогодишна желба да бидат заштитени според Рамковната конвенција, но бидејќи властите не го прифаќаат постоењето на објективни критериуми за нив, овие лица не можат да уживаат пристап до индивидуалните малцински права. Нивните долгорочни обиди да регистрираат здруженија кои ја промовираат македонската заедница не беа успешни. , се вели во членот 32.

Во овој контекст, Комитетот потенцира дека Европскиот суд за човекови права во 12 случаи против Бугарија утврдил непочитување на правото на слобода на собирање и здружување, поднесени од здруженијата на Македонците, кои властите упорно одбиваат да ги регистрираат, што доведува до обесхрабрување да се идентификуваат како етнички Македонци.

-Лица кои се самоидентификуваат како Македонци, кои продолжиле да бараат заштита според Рамковната конвенција, пријавиле до Советодавниот комитет дека некои постапки на властите ги сфатиле како активно обесхрабрување да се самоидентификуваат како етнички Македонци. Пријавени се и напади за време на јавни настани, како и пречки во организирање протести и различни настани. , се вели во точка 79.

За првиот човек на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков ова е уште важен еден чекор напред за македонското малцинство во Бугарија и нов индикатор дека Софија ги одолговлекува своите обврски.

Мислењето на овој Комитет доаѓа 20-ина дена по извештајот на Комитетот на министри на Советот на Европа, во кој се истакнува дека Бугарија повеќе од 17 години одбива регистрација на здруженијата кои се залагаат за признавање на македонското малцинство.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content