Пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија

100

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски денеска предупреди граѓаните да внимаваат кога купуваат пелети зашто може да им бидат понудени некои како А класа, а всушност да се А2 или Б, за индустриска употреба.

Таков е случајот, како што информира на прес-конференција, со пелетите кои се продавале како словенечки, а немале врска со Словенија.

-Понајдени се пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија. Пакувани се во други држави, а не соодветствува и квалитетот.

Граѓаните мора да знаат кога купуваат каде се пелетите произведени и како се пакувани, дури тогаш да одлучат да купат зашто во моментов имаме декларирање А1 класа, која може да е А2 или Б, за индустриска употреба, истакна Трајковски.

Моментно, дополни, се рвшат анализи надвор од земјава и случајот со палетите детално ќе биде презентиран идната недела.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content