Ѓорче Ставревски почна со снимање на вториот долгометражен филм „Трампи“

115

На 25 септември 2024 година, започна снимањето на долгометражниот игран филм “„рампи” по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески, а во продукција на Фрагмент Филм, соопштија од продуцентската куќа.

Главните улоги ги играат Сергеј Димовски и Стефанија Начевска, а во се: Александар Микиќ, Игор Ангелов, Петар Мирчевски, Душица Настова, Наум Ѓоргиевски, Ана Димитрова, Григор Јовановски и многу други.

Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф е Симо Бранов, костимограф Жаклина Крстевска, шминка и маска Јасмина Лилиќ од Србија, дизајнер на звук Лука Шуто од Чешка.

Продуценти на филмот се Ивана Шекуткоска и Ставрески, а копродуцент е Алзбета Јаначкова.

Филмот ќе се снима на повеќе локации во Скопје во наредните месеци, во период од 38 дена.

Ова е втор долгометражен игран филм на Ставрески, кој по големиот успех на „Исцелител”, снима нова, сосема поинаква, но подеднакво интересна приказна.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Македонија и Чешки филмски фонд.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content