Малите маркети и бурекџилниците на ред на пазарните инспектори

124

Пазарни инспектори од денеска ќе ги контролираат малите маркети и бурекџилниците, а од утре трговците на големо и ќе проверат и дали во изминатиот период намерно биле покачени цените на производите.

Поделени во повеќе од 40 тимови, ротирани во различни градови, инспекторите од вчера ги контролираат големите маркети на цела територија на државата.

Владата на вонредна седница на 20 септември ја ограничи бруто профитната маржа до 10 отсто за повеќе основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, меѓу кои леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук…

– Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет – порача вчера Трајковски и апелираше до трговците да ја почитуваат одлуката на Владата и да не се обидуваат на каков било начин да ја заобиколуваат.

Досега нема казнети маркети, а казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, и доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики согласно Законот за потрошувачи има можност и за затворање на објекти.

Маркетите кои сè уште не ги означиле производите со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“, Трајковски ги оцени како несериозни, нагласувајќи дека инспекторите веќе прават контроли и ќе кажат „дали поставиле или не и дали биле поставени делумно или целосно“.

– За мене тоа е несериозно. Вчера не се потрудиле маркетите да стават ознака на 20 до 30 отсто од производите. Во моментов инспекторите контролираат и тие ќе кажат. Насоката од ДПИ е да има јасно видлива ознака и да се прегледа дали се во рамките на ограничената бруто профитна маржа од 10 проценти сите производи кои се опфатени со одлуката – рече Трајковски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content