Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862, што го побива судот во Кожани

107

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски.“ – пишува во писмо од Ениџе Вардар на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „Мачедонски език“. Под фотографија од албумот „Сведоштва за постоење на македонската национална свест“, објавена на фејсбук, стои назнака дека писмото е од 10 септември 1862 година. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, кое ја побива одлуката на грчкиот суд во Кожани и неговото тврдење дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“, со која се забрануваат постоењето и активноста на Центарот за македонски јазик во Лерин.

Според пресудата на Апелацискиот суд, постоењето на Центарот за македонски јазик „ги загрозува институциите на државата, јавната безбедност, националниот интерес и мирните односи со соседната држава Република * Македонија, затоа што намерно ја фалсификува историјата и антропогеографијата на регионот Македонија, за да се утврди постоењето и говорењето на ‘македонскиот јазик’ во соседните и граничните држави на * Македонија, главно погранични области, чиe население го зборува грчкиот јазик и е со чисто грчка национална свест“.

Инаку, Ениџе Вардар (грчки: Γιαννιτσά, Јаница) е град во средишниот дел на Егејска Македонија, северозападно од Солун, на патот меѓу Солун и Воден. Има 29.789 жители (2011). Во 17 век било забележено дека во Ениџе Вардар мнозинството биле Македонци, а имало и голем број Турци. Во 1903 година во градот биле забележани 9.599 жители, во најголемото мнозинство Македонци и Турци и помал број на Грци, Власи и Роми. По поделбата на Македонија од 1913 па сѐ до 1922, од градот и целата негова околина биле целосно насилно иселени Македонците и Турците, а на нивно место биле доселени Грци од Мала Азија. Денес градот брои 33.775 жители, во најголемо мнозинство Грци. Не е познат податок дали во градот сѐ уште живеат Македонци.

Ако некаде на територијата на Грција, во Егејскиот дел на Македонија, и навистина не се говори повеќе македонски јазик, или ако во такви подрачја нема повеќе ниту Македонци, тоа е така бидејќи грчката држава насилно ги протерала од нивните родни огништа. Класичен пример за уништувачката политика на грчката држава и политика кон македонскиот народ и македонскиот јазик во Егејскиот дел на Македонија е уништувањето на кукушкиот народен дијалект на македонскиот јазик и уништувањето на Кукуш како македонски преродбенички центар во 1913 година по распарчувањето и разграбувањето на етничка Македонија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content