Владата подготвува „есенска кошничка“ со намалени цени на над 100 прехранбени продукти

126

Министерство за економија ги прави последните анализи, пред да и предложи на Владата воведување на така наречена есенска кошничка, со која над 100тина основни прехранбени производи ќе имаат пониски цени.

Заменик министерот за економија, Марјан Ристески за Канал 5 вели целта е да се заштити стандардот на граѓаните. Доколку кошничката биде прифатена од Владата, ќе почне да се применува веднаш.

„Доколу се прифати мерката би започнала да се применува наредната недела. Во есенската кошничка се предвидени намалувања на цените на прехранбените производи на основните производи кои им се потребни на домаќинствата и намалување на цените на производите кои ги користат најмногу во овој период“, изјави за Канал 5, Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Појаснува дека мерката која ќе ја предложат не зависи од законот за нефер трговски практики, со кој очекуваат првите резулатати, доколку почне да се применува навреме да бидат видливи на крајот на месец октомври или почетокот на ноември. Минатата недела од Стопанската комора преку писмо побараа од Владата промени и одлагање на примената на ова законско решение кое се донесе пред шест месеци, за да бидат вметнати нивни забелешки. Премиерот Мицкоски тогаш остави можност барањето на комората да биде прифатено, доколку како што рече постојат објективни причини, со цел Законот, со кој треба над 2 500 производи да имаат ограничена маржа до 10 %, да биде импелементиран како што треба. Од Сојузот на стопанските комори, пак денеска преку соопштение бараат да нема одлагање на примената на овој закон. Велат македонската економија треба да биде пазарно ориентирана и во согласност со европските движења.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content