Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев се огласи на својот фејсбук профил алармирајќи дека се појавил лажен профил на социјалните мрежи со негово име и презиме.
– Почитувани граѓани, фејсбук пријатели, сакам да ве информирам дека и јас, односно мојот официјален фејсбук профил како директор на Бирото за јавна безбдност на МВР, ја доживеа “честа“ да има свој “двојник“! Искрено говорејќи, како и повеќето од вас, и јас најостро ја осудувам појавата на креирање лажни профили, злоупотребата и манипулацијата со лични фотографии и податоци, тој најблаго кажано – крајно недоличен и законски недозволив начин на однесување во користењето на социјалните мрежи, напиша тој на Фејсбук.
– Секако случајот веднаш е пријавен не само заради заштита на мојот личен интегритет, туку и заради заштита на интегритетот на институцијата која што ја претставувам – македонската полиција – и на која што исто така и се нанесува штета преку незаконското користење на фотографи, постови и информации, додава Јанев.
Министерството за внатрешни работи врз основа на своите надлежности, а согласно одредбите од Кривичниот закон на РСМ, член 149, поднесе извештај до ОЈО Скопје со што е започната постапката за откривањето на лицето кое што стои зад ова дело.
– Сакам на крајот да упатам апел до сите корисници на социјалните мрежи дека сите ние сме должни да ги почитуваме и практикуваме веќе утврдените законски и регулаторни норми за употреба на социјалните мрежи. Точно е дека секој поединечен профил на некој начин го репрезентира личниот светоглед, личното сваќање и погледи на секој корисник, и тоа треба да биде така, но воедно точно е и дека тој, профилот, е и репрезент на нашата личната одговорност и совесност, вели директорот на БЈБ.