Прилепските храмови преполни со дечиња

113

Црковните храмови во Прилеп денеска беа преполни со дечиња. Се читаше молебен за благословен почеток на школската година. Сликата беше прекрасна во сите цркви – Св. Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Петка…

Молитва и молебен за почеток на учебната година,

Господи Боже, Создателу наш, Кој со својот образ нè почести нас луѓето, научувајќи ги Твоите избраници да се восхитуваат на оние кои го слушаат Твоето учење, откривајќи им ја премудроста на децата: кој на Соломона и на сите кои ја бараа Твојата премудрост ги научи, отвори им ги срцата, умовите и устите на овие твои чеда за да ја примат силата на Твојот закон: и со успех да ги сфатат полезните учења што им се предаваат, во слава на Твоето пресвето име, во полза и изградување на Твојата Света Црква, и за да ја разберат добрата и совршена Твоја волја. Избави ги од секој ѓаволски предлог, сочувај ги во православието и верата, и во секоја побожност и чистота во сите денови од нивниот живот, да напредуваат во разумот и во исполнувањето на Твоите заповеди, та така подготвени да го прослават Твоето пресвето име, и да бидат наследници на Твоето царство. Зашто ти си Бог силен во милоста, и добар во цврстината, и Тебе ти прилега секоја слава, чест и поклонение, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови. Амин!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content