Полициски службеници од ОВР Прилеп го уапсиле П.П.(77) од Прилеп поради тоа што предизвикал пожар.
Околу 11 часот било пријавено дека настанал пожар на површина од околу 300 метри квадратни во близина на Прилеп, откако претходно П.П. во двор од својата викендица во две метални буриња запалил непотребни предмети и ѓубре, но огнот се проширил наоколу.
Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. По документирање на настанот, против сторителот ќе следува кривична пријава.