Пожарот кај Стар Дојран е изгаснат, на местото каде што горело пронајдени се канти од моторно масло

124

Пожарот кој избувна вчера над Стар Дојран кај депонијата и зафати три куќи од синоќа е изгаснат, а дежурни екипи внимаваа да не дојде до повторно активирање.

Според градоначалникот на Дојран Анго Ангов, на неколку места сè уште тлеат остатоци од пожарот, а со механизација во текот на денот ќе почне да се затрупуваат делови од депонијата од каде избувна големиот пожар.

Во гаснењето на пожарот учествуваа месното население, пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица, како и еден хеликоптер.

Градоначалникот Ангов, вчера посочи дека пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што избувнал пожарот пронашле канти од моторно масло.

Заменик генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов вчера побара од пожарникарните служби од околните градови да помогнат во справувањето со огнот.

Михаилов изјави дека дојранската депонија била заклучена и оставена без чувар и запалена, а поради тоа противпожарните екипи не биле во можност да влезат веднаш во депонијата и да го спречат пожарот да се прошири кон Карабалија, а поради ветрот огнот опасно се доближува кон Стар Дојран и е надвор од контрола.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content