Двајца пожарникари се повредени попладнево во пожарот што избувна над Битола кај обиколницата. Од локалната самоуправа во Битола информираат дека тие се со лесни повреди и оти едниот е задржан на лекување во битолската болница, додека другиот е пуштен на домашно лекување.
Хоспитализираниот пожарникар има изгореници на дланките и на подлактицата. Вечерва во битолската болница тој беше посетен од градоначалникот на Битола Тони Коњановски.