Ќе има ревизија во ЕСМ

175

Министерството за енергетика, рударство и миниреални суровини го изрази своето задоволство од незначителната промена на цената за електрична енергија за домаќинствата што ќе важи од 1 јули, а за која денеска Регулаторната комисија за енергетика донесе официјална одлука.

Собранието пред два дена во рамки на 8-та седница едногласно со 84 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.

Според министерката Сања Божиновска, но и како што денеска кажа самиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, голем придонес во незначителното зголемување на цената за електрична енергија има изгласувањето на овие законски измени кои беа поднесени минатата недела.

Мора да се каже дека овој предлог-амандман даде голем придонес во тоа што практично не се зголеми цената на електричната енергија за домаќинствата посебно првата категорија која останува иста и е за поздравување тоа што законот беше прифатен од 84 пратеници и донесен конструктивно, вели Божиновска.

Официјално министерството својата работа ја започна од понеделник, со формалната регистрација, а Божиновска во следниот полугодишен период најавува ревизија на работата на ЕСМ и зголемување на домашното производство и домаќинско работење кое би довело до евентуално намалување на цената на струјата на регулираниот пазар.

Регулаторна комисија за енергетика денеска официјално објави дека од 1 јули цената на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за половина процент. За домаќинствата од прв и втор блок, односно оние кои не навлегуваат во третиот блок, пресметките велат дека нвните трошоци се зголемуваат за 0,4 проценти.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content