Средба на Муцунски со Агелер

198

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски денеска во просториите на Министерството за надворешни работи, остварил работен состанок со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

-На состанокот ја потврдивме стратешката определба на Владата за спроведување на реформските заложби, во насока на забрзување на евроинтегративниот процес, притоа истакнувајќи ја поддршката која САД ја дава за унапредување на демократскиот развој и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, напиша министерот Муцунски на неговиот официјален профил на социјалната мрежа фејсбук.

На средбата, се посочува, била потврдена посветеноста и заложбата за понатамошното развивање на билатералните односи и соработката во согласност со Стратешкиот дијалог со САД.

-Како стратешки партнери и сојузници во НАТО сојузот и во актуелниот геополитички контекст, стоиме обединети во одбрана на вредностите кои ги споделуваме, стои на објавата на фб на министерот за надворешни работи Муцунски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content