Кои се фирмите што имаат нула вработени, а добро им оди?

186

Бизнисот со нула вработени цвета. Тоа се фирми управувани од еден човек, најчесто газда кој не е пријавен како вработен, затоа што обично има и други фирми, па некаде му течат придонесите. Но, како што велат упатените, тоа може да биде и некое ангажирано лице со некаков менаџерски договор. Постојат дејности, како на пример, продажба на струја, каде што е лесно да се врти милионскиот бизнис со еден управител без вработени, Но, така може да функционираат и некои сосема мали бизниси. Едноставно, тоа го дозволува Законот за трговски друштва.

И така, во државава се собрало едно сериозно друштво на фирми без вработени, кое брои дури 1.535 компании! Тие имаат вкупен приход од 41,9 милиони евра и чист профит од 5,2 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари” во соработка со Бизнис мрежа.

Компании со нула вработени (состојба 30 мај 2024 година)

Според податоците, најголемата компанија со нула вработени е АЛПИК ЕНЕРГИЈА СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје, која има приход од 12,1 милион евра. Најпрофитната е КОШАРКАРСКИ КЛУБ ПЕЛИСТЕР АД Битола со добивка од речиси 396.000 евра. Најмногу фирми со нула вработени има во трговијата (423), а по градови, очекувано – во Скопје (791).

ВО ПРВТА ДЕСЕТКА ФИРМИ СО ПРИХОДИ НАД 570.000 ЕВРА

Приходите што ги направиле десетте најголеми форми по промет со нула вработени се движат од над 570.000 до 12,1 милион евра. Но, тоа не значи и дека овие ТОП 10 фирми по приходи се и најпрофитни. Некои, биле и со сосема мала добивка, а има и со дебела загуба.

 

ТОП 10 фими по приход во со нула вработени

Со што се занимаваат компаниите со приход од над 1 милион евра, и какви добивки имале?

АЛПИК ЕНЕРГИЈА СКОПЈЕ ДООЕЛ е трговец со струја, но иако направила приход од 12,1 милион евра, незјзината ДОБИВКА била одвај 5.000 евра.

ТХОР ИМПЕКС експорт-импорт има ветерен парк. Ветерниците и донеле голем приход од 4,8 милиони евра, но не само што не и донеле добивка, туку ја однеле во ЗАГУБА од 4,3 милиони евра!

Друштвото за градежништво и услуги СОРАВИЈА ИНВЕСТ стана топ тема во јавноста откако австриската компанија „Хано Соравиа” објави дека им продава 90 отсто од акциите на две компании, а набргу се дозна дека зад едната стои внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. „Соравија инвест” лани направила приход од 2,3 милиони евра, но била во ЗАГУБА од над 900.000 евра.

ШАМПИОН ПО ДОБИВКА – КОШАРКАРСКИОТ КЛУБ ПЕЛИСТЕР

На самиот врв од најпрофабилните фирми без вработени е КОШАРКАРСКИОТ КЛУБ ПЕЛИСТЕР. Минатата година Општина Битола склучи договор за спонзорство со компанијата „Таск Форс”. Лани кошаркарскиот клуб направил приход од 690.000 евра, а повеќе од половна, односно 396.000 му останале како профит.

На второ место по добивка е МОНТИНГ ЕНЕРГЕТИКА ТИКВЕШ ДОО Скопје и е друштво за производство на електрична енергија од хидроцентрала. Тоа лани направило профит од 378.000 евра.

Друштвото за трговија и услуги ПИВАР О6 од Прилеп има профит од 286.000 евра, а Друштво за производство, градежништво, транспорт, трговија и услуги МАКТРЕЈД ПЛУС 2001 ДООЕЛ експорт-импорт Битола направило профит од 197.000 евра.

Другите компании во ТОП 10 без вработени имаат профит под 200.000 евра.

 

ТОП 10 компании по добивка без вработени во 2023 година

 

ВО РАЗНИ ДЕЈНОСТИ ИМА ФИРМИ БЕЗ ВРАБОТЕНИ

Пари анализираше и кои дејности се најпогодни за да се работат без вработени. Податоците покажуваат дека нема дејност каде нема фирма со нула вработени, но орото го води трговијата.

 

Топ 10 дејности со фирми без вработени во 2023 година

 

ВО ТРИ ГРАДОВИ – 68 ОТСТО ОД ФИРМИТЕ

Фирмите без вработени главно се концентрирани во три градови, во Скопје, Охрид и во Битола, каде што се наоѓаат 1.050 фирми со нула вработени. Или 68 отсто од вупниот број на вакви фирми.

 

Топ 10 градови со фирми без вработени во 2023 година

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/veruvale-ili-ne-vodrzavata-ima-1535-firmi.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content