Младите македонци „кинисаа“ на работа на хрватското крајбрежје

184

Ако во неколкуте месеци до март годинава имавме благо зголемување на бројот на невработени лица, март, а особено април, донесоа посериозни промени во надолна линија.

Односно, Агенцијата за вработување повторно регистрира намалување на бројот на невработени лица, и тоа, за прилично значајна бројка.

Па така, ако на крајот на февруари Агенцијата за вработување регистрирала 106.618 невработени, на крајот на март имаме намалување до 105.844 лица кои активно бараат работа, што значи за еден месец, март, бројот на невработени се намалил за 774 лица.

А, веќе во април има уште позначајно намалување на лицата кои активно бараат работа, и тоа за 2.068 невработени, па така, на крајот на април, нивниот број се свел на 103.767 лица.

Во април се намалил и бројот и на другите лица кои бараат работа, како што ги класифицира Агенцијата за вработување. Тие на крајот на април биле 46.755, или кај нив намалувањето е за 697.

Веќе станува јасно дека бројот на невработени се намалува поради големиот бран на иселување кој ја зафаќа земјава, но и поради заминувањето на нашите луѓе, а особено млади, на работа во странски земји.

А, ако во април веќе имаме над две илјади нововработени или иселени, се поставува прашањето колку ќе заминат на работа во мај, јуни, јули и август, со оглед на големиот недостиг на работна сила во Хрватска.

Имено, во Хрватска се бара работник повеќе во туризмот, а многу наши млади луѓе веќе имаат добиено сериозни понуди да работат во претстојните месеци на хрватското крајбрежје, каде се нудат пристојни плати, но и одлични услови за работа.

Неиодамна и Државниот завод за статистика објави дека невработеноста во Македонија во првиот квартал спаднала на 12,9 отсто.

„Според објавените податоци, во овој период евидентирани се 788.909 лица како активно население од кои 687.351 се вработени, а 101.558 невработени“, соопшти ДЗС.

За споредба, за минатата година, стапката на невработеноста била благо над 13 проценти.

Активното население во Македонија изнесува 791.647 лица, од кои вработени се 688.296, а 103.351 лице е невработено, изјавија од ДЗС.

Стапката на активност во овој период е 52,3 отсто, стапката на вработеност 45,4, додека стапката на невработеност изнесува 13,1 процент – соопштија од ДЗС.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content