Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го потпиша законот со кој се прават измени во организацијата на министерствата и се зголемува нивниот број од 16 на 20.
Шефицата на државата потсетува дека ова е системски закон што се носи со двотретинско мнозинство и таа е должна да го потпише. Но, и таа како и новото владејачко мнозинство, гледа позитивно на измените.
„Законот е реформски и со него прво, ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, со што ќе се обезбеди функционалност и одговорност. Второ, ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа“, вели Сиљановска-Давкова во објава на Фејсбук.