Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ информира дека вчера имало пожар во РЕК Битола и дека тој по втор пат за два месеци е целосно вон ипотреба, односно сите три блока не произведуваат струја.
„Исклучени се трите блока после тешка хаварија на БЛОК 2 која била проследена и со серија експлозии и сериозна штета. После политичкиот колапс на СДС која е во распад, таа се обидува да го повлече со себе и најголемиот енергетски комбинат во Македонија РЕК Битола.
Функционирањето на РЕК Битола е хаотично, она од што се плашевме и предупредувавме овие седум години кулминираше денес. Имено, во попладневните часови испаднал електростатскиот филтер на БЛОК 2, бидејќи седум години не било извршено чистење, односно парите за чистење биле префрлани на фирми блиски на власта, а воопшто не било интервенирано. После испадот на електростатскиот филтер, системот автоматски пристапил кон хавариско исклучување на БЛОК 2 со цел да се заштити од поголема хаварија котелскиот и турбинскиот дел.
Директорот – Свирач Пеце, заедно со Техничкиот директор Благојче и Директорот на Електрани Пасков испаничени од тоа дека РЕК Битола по втор пат е комплетно надвор од мрежа дошле во видно алкохилизирана состојба во БЛОК Команда на Блок 2 и најверојтно славејќи ги успешните тендери со кои ги почастија Маркоски конзулот и струмичката фирма, почнале да вршат притисок и со закани кон персоналот за да се вклучи Блокот. После голема расправија и хаос, под закани персоналот започнал со принудно вклучување на Блокот, по што се случило подладување во КОТЕЛСКИОТ ДЕЛ и голема експлозија проследена со парна завеса и пожар! После оваа тешка хаварија, Свирачот со тимот се повлекле и го оставиле персоналот сам да се справува со тешката состојба во комбинатот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму сметаат дека ова ќе повлече нови трошоци и ги повикуваат органите на прогонот,како што велат, конечно да преземат мерки за работењето во РЕК Битола.