Графити со говор на омраза врз градскиот симбол на крајот во Гостивар

Непознати лица испишале текст на албански јазик со навреди и го исшараа монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар.

176

Непознати лица испишале текст на албански јазик со навреди и го исшараа монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар.

Претходно на срцето беше исцртано македонското знаме и делови од словенската азбука, како чин за одбележување на 24 Мај – денот на писменоста.

Гостиварци од утрово по социјалните мрежи го осудуваат овој чин.

– Ова не е постапка со која се отсликува соживотот на гостиварчани, зошто сите ние- македонци, албанци, турци, роми. Сме растеле заедно, сме се почитувале и сме ги негувале различностите. Ова може да го направи само оној што не израснал со овие вредности, напиша Ема Мешковска, советник во општинскиот совет и еден од иницијаторите да се одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Во полиција настанот не е пријавен, а доколку биде, како што наведоа од СВР Тетово, ќе бидат превземени соодветни мерки.

Врз сегмент од бетонскиот монумент во понеделникот, средношколци со дозвола на локалната самоуправа го обои со мотиви на македонското знаме и беа испишани букви од глаголицата и кирилицата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content