Цветанова: Зошто за оикофобиве, кои си ги мразат потеклото и припадноста, ако кажеш Македонија е говор на омраза?
Поранешната македонска министерка за култура Ганка Цветанова не може да им се изначуди на овдешните критичари на потегот на Гордана Силјановска-Давкова, која на заклетвата при инаугурацијата за нова претседателка на Македонија не изговори „Северна“.
Праќаат некоја порака или се закануваат што ќе биде следното во Македонија ако не го користиме насилно наметнатото и неуставно сменетото име на државата?!? Зошто за оикофибиве, кои според дефиниција си го мразат потеклото и припадноста, ако кажеш Македонија, тоа е говор на омраза pic.twitter.com/IrV9zFFvHP
— Ganka Cvetanova (@gankacv) May 19, 2024