Посебни мерки и проверена храна за Палчо во Шутка

223

Со конвој од пет возила, Љупчо Пачевски Палчо вечерва беше спроведен во Истражниот затвор Шутка. Во Македонија пристигна со редовен лет на Туркиш Ерлајнс. Слета на скопскиот аеродром во 19:30 часот.

Како што објавија дел од медиумите, затворот е под посебни мерки поради пристигнувањето на Палчо. До неговото внесување, затворениците беа заклучени во собите за да не дојдат во контакт со него.

До ќелијата е спроведен под силно обезбедување, низ посебен ходник. Посебно ќе се проверува неговата храна, а ќе му биде направен и лекарски преглед. Таму ќе биде сам, заштитен од обезбедување кое ќе се грижи за неговата безбедност.

Telma

Сето ова е направено бидејќи се проценило дека тој е под ризик.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, велат од МВР.

За него беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје.

Палевски е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски.

Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content