Европски фронт се закани – Не си играј со Албанците, ова има последици за стабилноста!

216

Централното претседателство на ДУИ вчера се собра во седиштето во Мала Речица за да разговара за последните политички случувања во земјата создадени по изборите на 8 мај.

ДУИ како предводник на Европскиот фронт, во консултација со сите останати партии кои ја сочинуваат оваа коалиција, ги координираат идните активности што ќе ги преземаат во наредните денови.

Според извори на ТВ21, лидерите утре ќе се сретнат и ќе испратат сериозна порака и предупредување до ВМРО-ДПМНЕ да не си игра со Албанците и да не ја потценува волјата на мнозинството Албанци како втора по големина заедница во државата.

Повикувајќи се на сопствени извори телевизијата објавува дека лидерите на Европскиот фронт и Али Ахмети ќе го предупредат ВМРО, но и лидерите на ВЛЕН да го почитуваат легитимитетот произлезен од изборите на 8 мај.

Извори на ТВ21 рекле дека на средбата било споменато дека Европскиот фронт со фанатизам ќе го брани легитимитетот на Албанците во земјава, во спротивно ќе се изгуби потребата од политичко организирање на Албанците во Македонија.

Тие дополниле дека со ваквата политика ВМРО ДПМНЕ се обидува во иднина да ги натера Албанците да се постројуваат зад македонските политички партии, ВМРО и СДСМ, а со тоа и да се изгуби потребата од политичко организирање кај Албанците.

Од Фронтот предупредиле дека со ваквата политика се загрозуваат стабилноста и перспективата на државата, но и економската и социјалната стабилност.

Лидерите на Европскиот фронт средба ќе одржат денеска во 13 часот во Холидеј Ин, по што останува да се види со какви изјави ќе излезат потоа.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content