Заслужена и историска победа – ОРБАН СО ЧЕСТИТКА ЗА ВМРО-ДПМНЕ И СИЛЈАНОВСКА

158

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идната заедничка соработка.

Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во  Македонија. Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content