Протест на приватните специјализанти пред Министерството за здравство

35

Се решивме на протест под мотото „5 до 12 за македонското здравство“ со цел повторно да го кренеме гласот за нашите барања за достоинствен живот и основни човекови права. Овој протест нема за цел само изразување на нашето лично незадоволство, туку протестираме и за да го искажеме нашиот стремеж кон подобрување на условите за нас како лекари и за нашите пациенти, стои во соопштението испратено до медиумите.

Минатата недела тие штрајкуваа барајќи зголемување на платите, бесплатно здравствено осигурување и регулирање на работниот статус. Владата на седница во вторникот донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите со предлог-законски решенија со кои ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content