Жесток напад и од Мирена и Сила од Косово врз Курти и Ветвендосје: Се мешаат во изборите во РМ и продаваат патриотизам!
Илир Мирена, политички аналитичар и извршен директор на информативниот портал „Перископи“ од Приштина вeли дека владејачката косовска партија Ветвендосје (Самоопределување) продава патриотизам во Р*М, напаѓајќи го претседателскиот кандидат на Европскиот фронт Бујар Османи, и оти носи свои политичари да прават кампања низ Македонија. Мирена го изнесе овој свој став синоќа во емисијата „Пресинг“ на ТВ Клан Македонија, во која аналитичарите расправаа во врска со очекувањата на Албанците по претседателските избори на 24 април. Инаку, Албин Курти и неговата партија Ветвендосје се изложени на непрестајна „тешка канонада“ и жестоки напади од страна на видни политички експерти и аналитичари од Косово, поради нивното мешање во изборите и воопшто во политичкиот живот на Албанците и на Македонија.
ТВ Клан Македонија пишува: „Ветевендосје се обидува да продава патриотизам и да собере гласови во Р*М, напаѓајќи го Бујар Османи. Која политичка партија од Косово ги донесе своите главни експоненти, за да ги шета низ улиците на Скопје и Куманово, во Македонија за време на кампањата?“ – укажа Мирена.
Валон Сила, политички аналитичар и извршен директор на медиумската групација „Метро медиа груп“ и на информативниот портал „Газета метро“ посочи дека е срамота што Ветевендосје влијае врз изборите во Македонија, создавајќи слика дека Косово директно влијае врз изборниот процес. „Во Македонија имаме премиер-Албанец, но исто така и премиерот-Албанец од Косово Албин Курти им се меша во овие избори на Албанците. Министерот на косовската Влада Либурн Алиу, претседателот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца и Албулена Хаџиу, сите од Косово и високи функционери на Ветвендосје, прават кампања во Македонија. Ова е глупост.“ – нагласи Сила.
Д-р Дукаѓин Горани, социолог, медиумски експерт и извршен директор на истражувачката организација Либерален демократски центар од Приштина изреагира со невидена жестина, поради вклучувањето на Курти и Ветвендосје во изборите во Македонија.
Во емисијата „Пресинг“ на Т 7 пред неколку дена Горани изјави: „Албин Курти се меша во изборите во Македонија, само за да си го зголеми својот профил за парламентарните избори, кои ќе се одржат во Косово. Тој оди и се меша во внатрешните работи на соседните држави. Се мешаме во Македонија и истовремено инсистираме да нема мешање внатре во нашата суверена сфера. Тоа е најголема подлост и најголемо безобразие, какви што не сум видел досега. Вклучувањето на Косово и Владата на Курти во изборите во Македонија е злонамерно, тоа е ужасно. Станува збор за партиска агенда.“
Д-р Блерим Љатифи, професор по политичка филозофија во Приштинскиот универзитет остро го напаѓа Курти дека „има амбиција стане лидер на албаносферата во Балканот и оти поради тоа ја мобилизира својата партија Ветвендосје“. „Косово се вовлекува на директен начин, отворено во изборните процеси кај Албанците, кои се одвиваат во друга држава. Ова е лична амбиција на Курти да го промени својот политички профил и да стане албански лидер со регионално влијание. Нему не му е доволно Косово, па сега има желба да биде и лидер во една, условно кажано албаносфера. Како резултат на таа негова амбиција и желба Курти ја мобилизирал неговата организација, неговите луѓе, неговата партија Ветвендосје, настојувајќи да се вклучи во изборниот процес во Македонија.“ – укажа Љатифи во емисијата „Пресинг“.