Триесет подружници од цела Македонија се собраа пред дирекцијата на Македонски шуми за да го изразат своето незадоволство бидејќи втор месец немат земено плата, а не им се исплаќа и тренскиот додаток.
– Во меѓувреме, во претпријатието имаме и штрајк, луѓето се на своите работни места, но не ги извршуваат работните задачи, затоа што се гневни на менаџментот, на раководителите и на претставниците на власта кои земаат по 80 проценти зголемени плати, додека тие втор месец не замаат плата, а веќе третиот месец тече. Дури и денес да има исплата на една плата, повторно ќе немаат здравствено осигурување. Праќаме апел да не се поигруваат со судбината на 1.800 вработени, кои и така земаат мизерни плати. Овде има вработени што работат под надворешни влијанија и работа со висок степен на ризик – рече Иван Пешевски, претседател на Синдикатот на индустрија, градежништво и проектирање при ССМ.
Тој појасни дека еден шумарски инженер има основна плата, без додатоци, околу 25.000 или 26.0000 денари.
Пешевски рече дека во јавниот сектор има големо нездоволство и посебно ги акцентираше Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод, Водостопанство, Македонски пошти и сњекторот култура.
– Овие протести планираме да ги радикализаираме и да бидат пред Влада, а да ги заокружиме на 1 Мај, а верувајте дека ќе бидеат се побројни и погласни – потенцираше Пешевски.
Тој повика да нема партиски вработувања и да има добро менаџирање, при што потсети дека во Македонски шуми пред два месеци биле примени 355 вработени, а сега за никого нема плата.