Во прилепската болница донесен 70-годишник со тешки повреди, го прегазил тракторот додека го поправал
Вчера околу 17.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Градска болница Прилеп со тешки телесни повреди бил донесен 70-годишниот Б.И. од село Црнилиште, општина Долнени, извести МВР.
Според пријавеното, додека го поправал тракторот во дворот од семејната куќа, тракторот се придвижил и Б.И. се здобил со тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.