Мицкоски и Силјановска Давкова на Конгресот на ЕПП во Букурешт

65

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија, каде што ќе присуствуваат на двовневниот конгрес на Европската народна партија (ЕПП), соопшти партсиката прес-служба.

Мицкоски денеска во 16 и 50 часот ќе има обраќање пред делегатите на Европската народна партија.

За време на престојот во Букурешт, прдвидено е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да има повеќе билатерални средби со високи европски политички лидери.

На двоневниот конгрес се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен да биде предложена да ја води листата на ЕПП на престојните избори за Европскиот Парламент.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content