Оризопроизводителите од истокот се подготвуваат за протест

78

Почнаа подготовките за сеидба на оризот во кочанскиот регион. Оризопроизводителите ги бараат субвенциите и за зелената нафта. Со цел да вложат во производството. Најавија дека до крајот на месец ќе одлучат и дали ќе излезат на протести.

Оризовата арпа се откупува од 37 до 38 денари за килограм. Од Националната мрежа на земјоделци велат дека доколку откупната цена  паѓа и е под производната, во тој случај голем дел од оризопроизводителите ќе размислат дали ќе почнат со обработување на површините.

Земјоделците од Националната мрежа и понатаму бараат загарантиран откуп и откупна цена на земјоделските производи, а оризот да се прогласи за стратешка култура.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content