Приведен прилепчанец, носел 7480 пиротехнички средства во автомобил

0

На улицата „Прилепски бранители” во Прилеп, полицијата денеска при контрола и преглед на патничко возило „голф“ управувано од прилепчанецот А.Б (47), пронашла и одзела вкупно 7480 парчиња пиротехнички средства.

Како што соопштија од МВР, заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content