Македонската фан страница за Евросонг на социјалната мрежа Твитер објави, а Македонската Радио Телевизија потврди дека идната година Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Малме, Шведска.
Одлуката е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година. МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале, се вели во информацијата од МТВ.
Македонскиот фан сајт за Евросонг исто така потврди дека Македонија и следната 2024 година како и годинава, ќе отсуствува од Евросонг.
Со длабока тага потврдуваме дека Северна Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме, објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х.