На покана на митрополитот Петар од Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), денеска во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп за првпат по 170 години дојде грчки, а по повеќе од 70 години бугарски владика. Во храмот се одржа заедничка литургија на трите сестрински православни цркви.
Литургијата ја служеа митрополитот Петар од МПЦ-ОА, митрополитот во мирување Игнатиос од Грчката православна црква (ГПЦ) и старозагорскиот митрополит Киприја од Бугарската православна црква (БПЦ).
На литургијата присуствуваа голем број верници и посетители, а по неа владиците седнаа на заедничка маса.