Миликије Халими, поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, е назначена за генерален директор на акционерското друштво во државна сопственост Аеродроми на РСМ.
Халими доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски со одлука на Надзорниот одбор на 25 октомври на друштвото кое управува со имотот на двата македонски аеродроми во делот кој не е под концесија на ТАВ Македонија.
Пред една година Халими се вработи во Царинската управа како инспектор за истраги за борба против економски криминал, иако медиумите реагираа дека таа го нема потребниот степен на образование за да конкурира за такво работно место.
До Надзорниот одбор на „АД Аеродроми“ пристигнала препорака без образложување дека Ангеловски треба да се разраши и да се назначи Халими.
Дејан Ковачев, сопругот на поранешната пратеничка Тања Ковачев, пак, од овој месец е назначен за нов член на Управниот одбор на државното претпријатие АД Аеродроми.