Александра Трајческа е победничката во втората сезона на македонското музичко онлајн-талент шоу „Заблескај“

65

Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на музичкото оналјн-талент шоуто „Заблескај“, кое е во оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од Орбит.

Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата ( четири 12-ки) составена од еминентни музички автори и творци, изведувачи, модни креатори и музички новинари и уредници. Овој пат нејзини членови кои ги оценуваа 12-те финалисти беа: композиторот и музичар Николче Мицевски, поп пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар и главен уредник на порталот Вистина.ком.мк, Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова.

Водител на финалниот настан кој се одржа во познатиот скопски кафе клуб – „Интермецо“ и годинава беше довитливиот Марко Новевски, кој со своите шеги, коментари и лабава комуникација со учесниците и жирито успеа максимално да ја опушти атмосферата правејќи ја пријатна и забавна за сите присутни.

Loading… 

Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, од кои речиси сите имаа одлични настапи, но сепак, Александра со атрактивниот сценски настап и својата изведба на џез-нумерата „Orange Colored Sky“ се издвои од другите и брилијираше, со што и заслужено го освои првото место.

Забележителни беа и останатите натпреварувачи, од кои некои имаа мошне впечатливи настапи, но за жал можеше да победи само еден…

А, Александра недвојбено со максимален број поени ги освои сите четири 12-ки од жирито и суверено ја однесе победата.

Инаку победничката како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година.

Како изгледаше комплетната емисија од финалето од втората сезона на музичкото онлајн талент шоу „Заблескај“, проследете од видеото во продолжение.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content