Во тимот кој работи на внесување на Бугарите во уставор се случува суштински конфликт меѓу членовите предложени од различни интересни групи, тврдат извори во работната група за промени на уставот.
Официјално работната група тврди дека се уште се работи на методологијата и принципите на работа но реално меѓу различни членови нема договор за суштинските предлог уставни измени кои треба да произлезат од таму, тврдат членови на тимот.
Во работната група за уставните измени формирана од министерството за правда имало материјална расправа на темата содржина на амандманите, на која расправа во дуел со спротивстави мислења влегле еден претставник од академската експертска јавност и претставник на дел од македонскиот корпус во пошироката извршна власт.
Претставникот на експертската јавност во дебатата барал во уставните амандмани да влезе и формулацијата “албанскиот службен јазик” наместо ,,јазикот на заедницата над 20% .
Наспроти експертот претставник на дел од македонскиот корпус во пошироката извршна власт рекол дека тој нема мандат да прифати таков амандман, туку е овластен да поддржи само амандман за дополнување на преамбулата со бугари, хрвати и црногорци како делови од народи.
Официјално работната група не открива никакви детали од разговорите иако рокот за поднесување на предлог уставните амандмани наближува и доколку власта сака да стигне до смена на уставот до Ноември предлозите ќе мора да дојдат во собранието најдоцна за еден месец и десетина дена.