Земјоделките ќе се дотеруваат во фризерски и козметички салони отворени со европски пари

50

Фризерски и козметички салони, салони за убавина, но и занаетчиски дејности како грнчарство, изработка на филигрански накит, се само дел од бизнисите кои можат да се отвараат со европски пари. Единствен услов е истите да се наоѓаат во рурална средина. Од друга страна пак иако до сега се искористени над 100 милионио евра од ИПАРД, никој не пројавил интерес за отпадни води, за набавка на цистерни, но и за благосостојба на животни. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој Никица Бачовски во интерју за Утриснки печат на Слободна ТВ потврди дека веќе во помалите рурални средини има отворено салони за убавина кои успешно работат.

– Во ИПАРД програмите освен за земјоделство има пари и за други сектори. Може да се финансира и занаетчиство. Во Виница веќе има отворено салон за убавина кој успешно работи, а во Илинден во скопско има фабрика за производство на женски хулахопки- вели Бачовски.

Според него младите се се повеќе заинтересирани за европските пари и се повеќе апликанти за ИПАРД се од страна на млади земјоделци.

– Напуштањето на младите на сектор земјоделство е глобална појава со која може да се борите само ако имате цврста финансиска поддршка која ќе ја препознаат младите. Сега се поедностави многу работата, има многу сегменти за аплицирање и исплатата се прави во рок од шесет месеци од денот на поднесување на барање за исплата. Се исплаќа најмногу за 6 месеци- вели Бачовски.

Од ИПАРД се финансираат системи за наводнување, градби, механизација. Новите капацитети значат золемено производство, нови вработувања, поголем рурален туризам и зголемена домашна економија. Склучени се 2.369 договори, од кои дури 859 се млади земјоделци, чии инвестиции во земјоделството изнесуваат 9. милиони евра. На прашањето која е најголема инвестиција во пари, Бачовски рече дека дека најголеми инвестиции има во преработувачки капацитети, а како бројка најмногу апликации има за земјоделска механизација.

-Многу нови преработувачки капацитети, но и многу додадени. Сега скоро се се преработува нема вишоци. Млекарници, ладилници, винарници, кланица, фарма за тов за говеда, фабрика за преработка за овошје и зелнчук се само дел од капацитетите. Многу хотели, конаци, мотели за рурален туризам се направени со ИПАРД.

Кај Бигорскиот манастир има нови конаци направени со нивни пари. „Кораб Трница“ како комплекс, хотел „Фреја“ во Струга се само дел од инвестициите. Тоа не се големи комплекси, според критериумите не смее да има повеќе од 20 соби, не повеќе од 50 легла. Битно е да се во рурална средина- вели Бачовски.

Најмногу пари се искористени во Пелагонија и Овче Поле. Таму е најголемата концентарција на земјоделци. Полошкиот регион е со најмалку искористени пари.

-Македонија има двојно повеќе договори од сите држави од регионот. Ние максимално сме посветени на ИПАРД биидејќи се неповратни средства и мора да се трудиме да се искористат- вели Бачовски. Според него институциите, пред се министерството и агенцијата вложија големи напори во промовирање и афирмирање на програмата со цел запознавање на крајните корисници со сите услови, критериуми и правила.

– Испраќаме силна порака дека ИПАРД не познава вери, нации, припадности, политички проминенции. ИПАРД е тука да го поддржи секој кој приоѓа со добар проект“ изјави Бачовски. Според него целта на ИПАРД е да го поддржи земјоделството, да го поттикне руралниот развој и стопанството во руралните средини.

Никој не бара пари за отпадни води

Иако Европски пари може да се земат и за подобрување на благосостојбата на животни, за преработка на отпадни води, за набавка на цистерни, до сега никој од земјодлеците не побарал пари за овие мерки.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content