Во Македонија се живее полошо од Украина, Босна, Бугарија и 60 други држави

24

Според индексот на квалитет на живот за 2023 година, најдобро во светот се живее во Холандија, а најлошо во Нигерија, наведува Намбео.

Во првите 15 земји, покрај Холандија се и: Данска, Швајцарија, Луксембург, Финска, Исланд, Австрија, Оман, Австралија, Норвешка, Германија, Нов Зеланд, Јапонија, Шведска и Обединетите Арапски Емирати.

Полошо од Македонија се живее во Колумбија, Иран, Венецуела, Бангладеш, Кенија, Пакистан, Русија, Нигерија.

Во рангирањето за 2023 година опфатени се 84 држави.

За индексите на квалитетот на животот на оваа веб-страница

Индексот на квалитет на живот (повисоко е подобро) е проценка на севкупниот квалитет на животот со користење на емпириска формула која го зема предвид индексот на куповна моќ (повисоко е подобро), индексот на загадување (пониско е подобро), односот цена на недвижност и приходот (понизок е подобро), индекс на трошоци на живот (пониско е подобро), индекс на безбедност (повисоко е подобро), индекс на здравствена заштита (повисоко е подобро), индекс на време на патување во сообраќај (пониско е подобро) и индекс на клима (повисоко е подобро).

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content