Нови цени на горивата по полноќ
Бензините се зголемуваат за еден денар, додека дизелот ќе поевтини за еден денар.
Бензинот БС-95 поскапува за еден денар и ќе се продава за 77 денари за литар од полноќ, додека БС-98 ќе се продава за 79,5 денари за литар.
Дизелот поевтинува за еден денар, па така по полноќ ќе се продава за 80 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло се намалува за половина денар и ќе чини 78,5 денари.