Македонските ракометарки ги почнуваат настапите на Еуро 2022

46

Македонската ракометна репрезентација денес ќе го има својот прв настап на Европското првенство 2022.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се соочат Франција. Иако Французинките важат за апсолутни фаворитки, Македонките најавија борбена игра и максимално залагање во обидот да направат изненадување.

Нашите репрезентативки апелираат до навивачите да дојдат во салата во што поголем број и да им дадат поддршка.

Со срце за Македонија – порачаа од таборот на македонската репрезентација.

Ова ќе биде натпревар од Ц-групата која се игра во Скопје. Во терминот од 20:30 часот, исто така во „Борис Трајковски“ ќе играат Холандија и Романија.

Инаку, на првиот натпреварувачки ден на ЕХФ Еуро 2022 постигнати се овие резултати:
Данска – Словенија 26:28,
Унгарија – Швајцарија 33:28,
Норвешка – Хрватска 32:23,
Шведска – Србија 27:21.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content