Лага е дека откупните цени за тyтyнот се покачени

63

Премиерот, заедно со откупните компании и Министерството за земјоделство, постигнале договор за повисоки цени на тутунот. Па да ве прашам јавно: Премиере до кога мислислите да ги правите будали тутунарите? – прашува во соопштение, Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

“А и морам да ви признаат дека не сте првиот кој со сеење на магла сакал да им ја потцени интелигенцијата на тутунарите, имаше и пред вас еден премиер кој се колнеше и крстеше дека просекот на тутунот ќе биде 185ден, а нас ни го откупуваа по 100-тина денари, ни ветуваше 5 милиони евра ковид помош, а сакаше да ни исплати 3.2 милиони, но и тој како и вие сега направи еден превид, заборави дека и тутунарите знаат математика. Затоа премиере ако вие продавате магла ние ја знаеме вистината. А за жал вистината е следна: Официјална валута за трговија со тутун е американскиот долар. Па затоа за да сфатите вие дека не си имате работа со неписмени луѓе, а и да им се крене маглата од пред очи на тутунарите што вие така храбро ја продавата еве ви една бесплатна анализа.

И за колку рековте премиере е историското рекордно зголемување?

Што значи: Просечната откупна цена во минатата година од 200 денари претворена во долари изнесуваше 3.75 долари по килограм, односно според вредноста на доларот во тоа време од 54денари.

Сегашниот курс на доларот со вредност од 62 денари ако се помножи со ланската просечна цена од 3.75 долари (200ден) ќе добиеме просек од 233 до 235 денари, кој според цените кои вие ги објавивте и се очекува. Ова потврдува дека цената е иста и непроменета во однос на лани.

Ако на ова се додаде фактот дека просечната производна цена за оваа реколта достигна 239,7 денари, само ни потврдува дека откупната ќе биде пониска од производната.

Па нели е срамота да се фалите со историски висока цена на тутунот која неможе да ја достигне производната цена? Затоа: Доста ни продавате магла и под ИТНО седнете и договорете се со откупувачите за ВИСТИНСКО поткрнување на цените на класите ако сакате вие и откупувачите и за наредната година да се сади тутун, бидејќи како што ви кажам и на почетокот, тутунарите не се ни неуки, ни неписмени”, вели Мирчески.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content