Драма во Прилеп: Се скарал со сопругата, па со бензин и ја запалил ординацијата

45

На 26.10.2022 околу 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода  Д.Ѓ.(47) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 19.50 часот предизвикал пожар во ординацијата на неговата сопруга на улица „Сотир Ѓорѓиоски – Сотка“ во Прилеп, по претходно нарушени семејни односи.

Во службен разговор во полициска станица тој признал дека со бензин ја запалил ординацијата, при што изгорел инвентарот, а било оштетено и патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(19) од Прилеп, кое било паркирано пред ординацијата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Д.Ѓ. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content